Европа
Франција: До 500 училишта целосно или делумно затворени поради бранот студентски протести
05.10.2026 19:46
Наставата е во прекин бидејќи не се исполнети безбедносните услови. За утре е најавен голем масовен протест низ цела Франција...

До 500 училишта низ Франција се целосно или делумно затворени поради бранот студентски протести што ја зафати земјата. Наставата е во прекин бидејќи не се исполнети безбедносните услови. За утре е најавен голем масовен протест низ цела Франција.
Изминатата недела, во демонстрациите 24 училишта беа запалени или ограбени, а повредени се и 78 наставници, илјадници лица се уапсени.
