Скопје чека сигнал од Софија
Скопје сè уште чека потврда од Софија за средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија.

Во очекување на средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова во Софија, власта и опозицијата на различни позиции за можниот исход и за евроинтегративниот процес. Премиерот Мицкоски вели, со претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен имавме содржаен состанок којшто е мотив да се продолжи со реформите, но и со напорите за изнаоѓање решение за ситуацијата.
Првиот социјалдемократ Филипче, пак, од средбата во Софија меѓу министрите за надворешни не очекува ништо. Вели, досега барем 10-тина средби требало да се остварат, а власта се што прави го прави како изговор. Тој смета дека Фон дер Лајен потврдила оти европскиот пат на Македонија не го загрозува ниту идентитетот, ниту јазикот.
И додека евроинтегративниот пат на земјава е тема за напади едни кон други, и од власта и од опозицијата резервирани околу моментот на предвремени избори. Го чекаат другиот да ги побара.
Миле А. Ристески
