Одбојка СП жени – Италија 2014

Кина е првата селекција во третиот круг, Русија во нокдаун

02.10.2014 22:42

Кина не и дозволи на Хрватска да приреди уште едно изненадување, но Русинките потклекнаа пред Турција. Овие два резултата ја одбележаа втората рунда во втората фаза по групи, на 17 СП за жени, што се игра во Италија и го следите во живо на МТВ.
 
Со триумфот од 3:0 против Хрватките, Кина се пласира во третата фаза каде што ќе играат најдобрите шест селекции од двете групи. Италија е на втората позиција во групата Е, со 11 бодови по чистиот триумф над Белгија. Доминиканската Република ја совлада селекцијата на Азербејџан (3:1) и има 11 бодови, Јапонија славеше против Германија (3:2) и има 8. Тоа се последните два кандидата за третата позиција во ова друштво.
 
Во групата Ф е далеку повозбудливо. Актуелниот и двоен шампион Русија загуби од Турција со 3:2, се наоѓа на 4-та позиција со 10 бодови. Србија има 11 по победата над Казахстан од 3:0, исто толку бодови на втората позиција во групата има Бразил по триумфот над Холандија од 3:1. Американките се на врвот со 15 бодови, немаа проблеми со Бугарија, во следната рунда играат со Србија.
 
Преносите од женскиот одбојкарски мундијал, на МТВ продолжуваат в сабота, утре е слободен ден.