Поевтинуваат горивата

Владата најавува ребаланс на буџетот, опозицијата обвинува дека лошо се менаџира

05.10.2026 16:22

Дизелот поевтинува за 3 денари, а бензините за 1,5 денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Премиерот Мицкоски најави ребаланс на буџетот поради намалените приходи од акцизата и ДДВ за горивата, додека од СДСМ обвинија дека Владата лошо управува со јавните финансии.

Дизелот поевтинува за 3, а бензините за 1,5 денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Во просек, малопродажните цени на горивата се намалуваат за 1,85%. Премиерот рече дека како држава остануваме со најниски цени кога станува збор за дизел горивото и безоловниот бензин. Во однос на ребалансот на буџетот, Мицкоски рече дека се намалуваат и расходите и приходите.

„Приближно од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е приближно 7 до 8 милијарди денари, и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата“, изјави Мицкоски.

Наспроти изјавата од премиерот, од СДСМ со критика дека лошо се менаџира со економијата, односно со Буџетот. Наместо корекција на економските политики, вели Филипче, власта неодговорно се задолжувала.

Во меѓувреме, Владата преговара и со Окта за дополнителен попуст.

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премиерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

Што се однесува до предизвикот со енергетската стабилност, премиерот рече дека земјава е подготвена да одговори на предизвиците.

Борис Грујоски