Дипломатија

Муцунски и Петрова в четврток на средба во Софија

06.10.2026 08:14

Средбата меѓу шефовите на дипломатиите ќе се одржи на маргините на на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, в четврток ќе одржат билатерална средба во Софија, на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8.

Од бугарското МНР потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

Средбата следува по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. По нејзиниот совет, премиерот Христијан Мицкоски побарал од Муцунски да иницира средба со бугарската колешка, со цел да се поттикне дијалогот за прашањата поврзани со европската интеграција.

Од македонското МНР претходно потврдија дека е побарана средба меѓу Муцунски и Петрова-Чамова, која треба да се одржи на маргините на министерскиот состанок во Софија посветен на Коридорот 8.