Имотни листови за заменетото земјоделско земјиште до крајот на ноември

03.10.2014 09:51

До ноември годинава сите земјоделци што со арондација го замениле сопственото земјоделското земјиште со државно ќе да добијат имотни листови. За да го сторат ова треба да исполнат неколку услови...

До 27 -ми ноември годинава, земјоделците можат да поднесат барање до Министерството за добивање имотни листови за склучената размена на сопстевеното земјиште со државно.

Фармерот треба да потврди дека 20 години непрекинато го обработува земјиштето во државна сопственост кое му е доделено со арондација. Да има имотен лист за претходната парцелата која ја отстапил и геодетски елаборат.

Предмет се сите приватни ниви меѓу државните, кои попречуваат земјоделската организација земјиштето да го користи поефикасно.

Одземениот имот се надоместува со друг со сличен квалитет или се остава можност да биде откупен по пазарна цена. 

 

Методија Трајков