Мицкоски на презентација на извештај на Светска банка
Извештајот се фокусира на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, со акцент на спроведувањето на потребните реформи, подобрувањето на управувањето и конкурентноста, поттикнувањето на инвестициите, технологијата и иновациите.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.
Извештајот се фокусира на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, со акцент на спроведувањето на потребните реформи, подобрувањето на управувањето и конкурентноста, поттикнувањето на инвестициите, технологијата и иновациите.
Документот ги опфаќа и развојот на вештините и подоброто искористување на работната сила како предуслови за поголем економски раст.
Извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во Собранието.
