Македонија
ЦУК: 46 пожари на отворен простор, седум се активни
06.10.2026 09:06
Активни пожари има на повеќе локации низ земјава.

Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот се евидентирани вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, а еден пожар е ставен под контрола.
Активни пожари има на повеќе локации низ земјава. Во општина Дебар гори кај месноста „Над Боровите“, на кракот кон селата Татар Елевци и Кораб, како и кон селото Бањиште. Пожар е активен и меѓу селата Белчишта и Лешани во општина Дебарца.
Огнени жаришта се регистрирани и кај селото Јаболчиште во општина Чашка, кај селото Стрима во општина Липково, над Боговинско Езеро на Шар Планина, на депонијата „Краста“ во Куманово и кај селото Добровени во општина Новаци.
