Косово

Судири во Приштина, протестите за Специјалниот суд ескалираа

06.10.2026 11:51

Протестите прераснаа во судири откако поддржувачите на ОВК побараа од пратениците итно усвојување на измените на законот за Специјалниот суд во Хаг, по пресудите за четворицата поранешни водачи на ОВК...

Речиси 20 лица, меѓу кои полицајци и демонстранти, се повредени во ескалацијата пред Собранието во Приштина. Протестите прераснаа во судири откако поддржувачите на ОВК побараа од пратениците итно усвојување на измените на законот за Специјалниот суд во Хаг, по пресудите за четворицата поранешни водачи на ОВК, осудени на вкупно 81 година затвор.

Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства и палеа контејнери, а полицијата употреби солзавец и водени топови. Измените вчера поминаа во прво читање, но не и во второ. Денеска истекува рокот за избор на претседател.

Без договор меѓу партиите, Собранието може да биде распуштено, по што би следувале предвремени избори.