Блиски Исток

Јеменскиот фронт ескалира, Хутите возвраќаат со удари врз Саудиска Арабија

06.10.2026 13:09

Борбите во Јемен ескалираат, откако провладините сили со саудиска поддршка напредуваат кон Сана. Хутите возвраќаат со удари врз цели во Саудиска Арабија. Во меѓувреме, Вашингтон му се заканува на Техеран, а Иран ги отфрла преговорите со САД.

Јеменскиот фронт гори. Провладините сили, со саудиска воздушна поддршка, тврдат дека го презеле Баб ел-Мандеб и напредуваат кон Сана. Хутите, пак, возвратија со удари врз цели во Саудиска Арабија.

„Ги предупредуваме меѓународните авиокомпании да ги прекинат летовите низ саудискиот воздушен простор. Тој стана зона на операции на нашите сили“, изјави бриг. генерал Јахја Сари – портпарол на војската на Хутите.

Пакистан и Турција најавија распоредување на сили во Саудиска Арабија. Вашингтон во меѓувреме му се заканува на Техеран.

„Војната ќе заврши на еден или друг начин, и тоа многу скоро. Тие нема да имаат нуклеарно оружје“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Иран возвраќа дека преговорите со САД се бесмислени.