Министерството за здравство очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на октомври
Од МЗ очекуваат во текот на месецов да бидат обезбедени вакцини преку меѓународни канали...

Министерството за здравство вложува напори вакцините против сезонски грип да бидат што побрзо обезбедени, за вакцинацијата на ранливите категории граѓани да почне според планираното.
Проблемот, велат е глобален поради промена на соевите на вирусите во нивниот состав, поради што било одложено производството на вакцините. Од МЗ очекуваат во текот на месецов да бидат обезбедени вакцини преку меѓународни канали.
Оттаму потенцираат дека се во постојана комуникација со земјите од регионот и пошироко и дека се очекува наскоро, во текот на овој месец да бидат обезбедени вакцини преку меѓународните канали.
„Вакцинацијата останува најсигурна заштита од тешки облици на грип и компликации, особено за хронично болните, постарите лица и бремените жени. За секој напредок граѓаните ќе бидат навремено информирани“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
