Одбележување

Светски ден на церебралната парализа

06.10.2026 09:49

Во Македонија, според Пописот од 2021 година, живеат 94.412 лица со попреченост...

6-ти октомври се одбележува како Светскиот ден на церебралната парализа, на лицата со оваа состојба не им треба сожалување, туку права, поддршка и пристапност. Во Македонија, според Пописот од 2021 година, живеат 94.412 лица со попреченост.

Тие имаат проблем со скратени часови за лична асистенција, асистенти кои чекаат надомест и спор за тоа колку деца ја почнаа учебната година без потребната поддршка.