Се обновува патната мрежа во Велес
Целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Општината и јавните претпријатија од областа на транспортот заеднички го реализираа проектот за санација на делницата која Велес го поврзува со најоддалечената населба Превалец...

Се поставува асфалт на најоштетениот дел од патот кој Велес го поврзува со Превалец. За три дена лошите услови за сообраќај по делницата треба да бидат минaто. Изведувањето на овие градежни работи не е дел од годишната програма. Причина за реализација бил небезбедниот сообраќај.
„Целокупната инвестиција е околу осум милиони денари и едноставно им овозможуваме на граѓаните, но и на останатите населени места што го поврзуваат Велес со нив да имаат побезбедно движење“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Партнери на локалната власт во реализацијата на овој проект се Јавните претпријатија, Државни патишта и Македонија Пат. Покрај асфалтирањето се работи и на санација на железничкиот премин.
„Сега во моментов асфалтерската група на подружница Велес го работи завршниот слој од поставување асфалт.Околу четири ипол илјади квадратни мерки ќе се асфалтираат вредноста на инвестицијата во делот на градежните работи за асфалтирање е околу пет милиони денари“, изјави Томе Јаневски, раководител на ЈП Македонија Пат- Велес.
Реализацијата на инфраструктирните проекти во Велес се одвива според планираната динамика. Се додека временските услови дозволваат градежната мефанизација и работниците ќе биле на локациите каде што се гради нова или се рехабилитира постојната инфраструктура.
Дијана Иванова
