Македонија
Заменик-министерката за европски прашања на конференција во Белград на покана од првата дама на Србија
06.10.2026 11:26
Трајков, учествува на Belgrade Women’s Conference „RISE 2026, која се одржува на 6 и 7 октомври во Белград...

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, учествува на Belgrade Women’s Conference „RISE 2026, која се одржува на 6 и 7 октомври во Белград.
Заменик-министерката ќе се обрати на панел посветен на женското лидерство, регионалното поврзување и создавањето можности за идните генерации.
Нејзиното учество е уште една можност за афирмирање на позициите на Македонија и за размена на искуства и идеи со лидерки и претставници од регионот и пошироко.
Настанот е организиран од првата дама на Република Србија, Тамара Вучиќ.
