МВР

Пронајдена дрога во Тетово, од слобода се лишени две лица

06.10.2026 14:20

Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера во 21:20 часот и во 21:55 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при СВР Тетово ги лишија од слобода Б.Р.(20) и Д.С.(50) од Тетово, соопштија од МВР.

При извршен преглед над Б.Р. била пронајдена и одземена марихуана, додека при извршен преглед над Д.С. бил пронајден и одземен хероин.

Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.