Раст на цените во угостителството
Најголемо месечно зголемување е регистрирано кај групата „Храна“, каде цените пораснале за 0,1 отсто. Кај алкохолните и безалкохолните пијалаци, како и кај ноќевањата, не се забележани промени.

Цените на угостителските услуги во септември годинава се зголемиле за 0,1 отсто во однос на август, а на годишно ниво растот изнесува 3,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо месечно зголемување е регистрирано кај групата „Храна“, каде цените пораснале за 0,1 отсто. Кај алкохолните и безалкохолните пијалаци, како и кај ноќевањата, не се забележани промени.
Во периодот јануари – септември 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 3,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во однос на декември 2025 година, цените во угостителството во септември се повисоки за 1,5 отсто.
