Груби нуди имот од 335 илјади евра како гаранција за враќање на пасошот
Поранешниот вицепремиер Артан Груби понудил недвижен имот во вредност од 335 илјади евра како гаранција за враќање на пасошот. Од Кривичниот суд информираат дека неговиот куќен притвор истекува на 13 октомври.

Со 335 илјади евра недвижен имот, како гаранција дека нема да бега, екс- вицепремиерот Артан Груби бара скопска единица да му го врати пасошот.
За ова известија од судот од каде велат дека на овој обвинет во случајот „Лотарија“ куќниот притвор по сила на закон му истекува на 13-ти месецов, но пасошот останува во судот како гаранција дека ќе им биде достапен на органите на прогонот.
Сепак, од Кривичен велат по понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до обвинителството. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе се донесе одлука.
