Стафа негира дека го поткупувал судијата Ристов
„Не сум му дал пари за да донесе судиска одлука“, рече Фехми Стафа на денешното рочиште. Тој ја обвини обвинителката Хаџи Василева дека го притискала да каже оти парите од поткупот биле наменети за Ристов.

На судијата Ристов, не сум му дал пари за да донесе судиска одлука, ниту во овој, ниту во други случаи, рече сведокот на одбраната Фехми Стафа кој индиректно е поврзан со случајот на судијата.
Бил адвокат на Љупчо Пецов – Ѓаволот, но признал дека зел поткуп од сестрата на Пецов, а со цел да подмити апелациски судија за да го укине притворот на неговиот клиент. Сведочеше дека признанието на вина го дал од страв да не му се случат полоши работи.
Стафа прстот го впери во обвинителката Хаџи Василева за која рече дека го притискала да каже дека парите од поткупот биле за Ристов.
Во домот на родителите на судијата беа пронајдени 350 илјади евра вкопани во ѕид за кои обвинителството тврди дека се стекнати незаконски.
Анита Димитријевска-Велковска
