Економија

Според најновиот извештај на Светска банка, македонската економија ќе ја заврши годинава со 3,2 насто

06.10.2026 17:13

Раст од 3, 2 проценти предвидува Светска банка во најновиот извештај, но ниската продуктивност и инвестиции, слаба конкуренција и неискористениот човечки капитал се слабости поради кои економијата се соочува во изминативе 17 години. И од СДСМ признаваат дека економијата со години стои во иста категорија.

Светска банка со пооптимистичка прогноза за економскиот раст, наместо очекуваните 2,9 македонската економија ќе ја заврши годинава со 3,2 насто. Инфраструктурните проекти се очекува да бидат главните двигатели на економската активност.

Извештајот е добра основа за понатамошни реформи што Владата треба да ги доврши. Некои се започнати, а други ќе почнат во периодот што следува – истакна премиерот Мицкоски. Посочи дека растот е над европскиот просек, инфлацијата се држи под контрола и дека ретко и се случува извозот да биде поголем од увозот како во третиот квартал.

Социјалдемократите со обвинувања до власта по извештајот на Светска банка.

„Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот“, соопштија од СДСМ.

Банкарите советуваат зајакнување на економското управување и конкуренцијата, технолошка интеграција, енергетска ефикасност и иновации, создавање подобри работни места мобилизирање на работниците.

 

Александра Велинова