Лицата со церебрална парализа бараат поголема поддршка
За лицата со церебрална парализа, секојдневието носи низа физички и општествени бариери. Родителите велат дека недостигаат стручни лица, логопеди, физиотерапевти и лични асистенти, иако бројот на образовни асистенти е зголемен. Годинава се ангажирани над 1.600 во основното и речиси 280 во средното образование.

Замислете свет во кој секој чекор е борба. За лицата со церебрална парализа, тоа е секојдневие. Но, најтешките бариери не се само во движењето – сè започнува од општеството.
За родителите, борбата започнува уште од најрана возраст. На сите нив поддршката не им е потребна само денес, туку секој ден. Недостигаат и стручни лица, логопеди и физиотерапевти, па родителите често се принудени дополнителна поддршка да бараат надвор од системот.
Бројот на образовни асистенти е зголемен. Годинава се ангажирани над 1.600 во основното образование, а за првпат речиси 280 и во средното образование. Но, родителите велат дека е потребно да се ангажираат повеќе лични асистенти.
Едно од четири лица со церебрална парализа не може да зборува, секое трето не може да оди, секое второ има ментална или интелектуална попреченост, а секое четврто има епилепсија.
Ана Јосифоска
