Македонија
Седница на Судски совет
07.10.2026 08:42
На седницата, членовите на Судскиот совет, како што е најавено ќе одлучуваат по изјава на судија на Основен суд Гостивар за времено упатување, како и за избор и разрешување на судии -поротници.

Судскиот совет на Република Македонија ќе ја одржи 558-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и донесување на Деловник за работа на Судскиот совет.
На седницата, членовите на Судскиот совет, како што е најавено ќе одлучуваат по изјава на судија на Основен суд Гостивар за времено упатување, како и за избор и разрешување на судии -поротници.
На дневен ред е и формирање на Комисија на известители по барања за поведување на постапка за утврдување одговорност на судија /претседател на суд.
