Влада
Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба на нова детска градинка во Општина Шуто Оризари
07.10.2026 09:03
Отворањето на новиот објект е дел од владините активности за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на децата во општините низ земјата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари. Отворањето на новиот објект е дел од владините активности за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на децата во општините низ земјата.
Како што најавија од владината прес-служба, по повод пуштањето во употреба на градинката, премиерот ќе даде изјава за медиумите.
