„Поетроника“ вечер со „Од другата страна“ на реновираната тераса на МНТ
Промоцијата ќе биде едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на „Поетроника“.

Во нов амбиент на Македонскиот народен театар вечер од 19 часот ќе биде промовиран проектот „Од другата страна“ на дуото „Поетроника“, составено од Оливер Митковски и Андреја Салпе.
Промоцијата ќе биде едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на „Поетроника“.
Новите звучни композиции се создадени во соработка со музичките уметници Никола Коџабашија на клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски на кларинет и саксофон и Надежда Рубен со придружни вокали.
Настанот ќе се одржи во живо на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар, која со оваа промоција повторно се отвора како простор за музички и уметнички содржини.
