Премиера на „Животинска фарма“ во прилепскиот театар
Најдраматизираното дело на Џорџ Орвел, „Животинска фарма“, вечерва добива премиера во прилепскиот театар и прва соработка со режисерот Ќендрим Ријани. Режисерот со уникатен театарски концепт – претставата се бори за нова театарска куќа во Прилеп.

Прилепскиот театар понуди оригинална и уникатна премиера на најпоставуваното дело на Џорџ Орвел – „Животинска фарма“. Претставата доби ново, возвишено ниво – наместо животните во фармата да се трудат да изградат ветерница, тие сакаат нов театар. Токму како прилепскиот, кој со децении не стигнал до нова театарска куќа.
Првата соработка на режисерот со прилепскиот Народен театар донесе четврта премиера годинава и големи очекувања. И во оскудни услови се создава врвна театарска уметност, која, пак, отвора нови прашања.
Неизвесна е судбината на новиот прилепски театар на темелите на постојниот. Засега има пречки во основниот проект. А врвната театарска уметност непречено ја создава колективната игра на ансамблот, кој со години за тоа добива награди.
Елизабета Митреска
