Јустина Широка-Пуља нова претседателка на Косово
За неа гласаа 81 пратеник, еден повеќе од потребното мнозинство, со што се избегнати нови предвремени парламентарни избори.

Собранието на Косово ја избра Јустина Широка-Пуља за нова претседателка на земјата. За неа гласаа 81 пратеник, еден повеќе од потребното мнозинство, со што се избегнати нови предвремени парламентарни избори. Широка-Пуља, која досега беше претседателка на Академијата на науките и уметностите, беше предложена од премиерот Курти неколку часа пред истекот на уставниот рок. Таа порача дека ќе биде претседателка на сите граѓани.
„Со голема чест и целосна одговорност ја прифаќам должноста претседател на Република Косово. Овој мандат не му припаѓа само на еден човек, туку им припаѓа на нашите граѓани, институции и на државата за која се жртвуваа многу генерации“, изјави Јустина Широка Пуља, претседателка на Косово.
