Украина

Масовен руски комбиниран напад врз Украина

07.10.2026 10:41

Зеленски ги обвини руските сили и за нападите врз два брода во бугарските води во Црното Море. Тој тврди дека украинската војска немала операции во областа и дека, според информациите координирани со Бугарија, станува збор за комбиниран руски напад со поморски и воздушни дронови.

Украина под масовен руски комбиниран напад, само неколку часа откако Зеленски предупреди за можни нови удари. Има жртви и повредени во Киев и други градови, а украинските сили најавија одговор и тврдат дека погодиле руски командни пунктови и складишта со оружје. Зеленски ги обвини руските сили и за нападите врз два брода во бугарските води во Црното Море. Тој тврди дека украинската војска немала операции во областа и дека, според информациите координирани со Бугарија, станува збор за комбиниран руски напад со поморски и воздушни дронови.

„Украинските сили немаа операции во ова подрачје. Според информациите координирани со бугарската страна, станува збор за комбиниран руски напад со поморски и воздушни дронови. Ова е уште еден обид на Русија да го направи западниот дел од Црното Море целосно небезбеден за пловидба. Потребен е јасен одговор на оваа руска агресија“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Бугарија го оцени инцидентот како грубо кршење на меѓународното право и предупреди дека војната се шири географски. Брисел изрази загриженост, додека Трамп најави телефонски разговор со Путин.