Свет

Вашингтон е подготвен за договор, но бара конкретни чекори од Иран

07.10.2026 12:46

САД потврдија дека тие се во тек, но не се сигурни кој ги носи конечните одлуки во Техеран.

Иран мора значително да ги намали капацитетите за збогатување ураниум ако сака договор со САД и крај на седуммесечната војна, порача потпретседателот Венс. Вашингтон е подготвен за договор, но бара конкретни чекори, а не ветувања.

Во меѓувреме, продолжуваат разговорите за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец. САД потврдија дека тие се во тек, но не се сигурни кој ги носи конечните одлуки во Техеран.

„Нивните лидери ги нема. Го нема и нивниот втор круг лидери. А најголемиот проблем што го имам е што никој не знае кој, по ѓаволите, ја води земјата“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.