Блиски исток

Три години од нападот на Хамас врз Израел

07.10.2026 11:26

Противниците на премиерот Нетанјаху го обвинуваат за безбедносниот неуспех на 7 октомври, додека неговите поддржувачи велат дека ја предводел земјата низ војната и закрепнувањето.

Израел ја одбележува третата годишнина од нападот на Хамас на 7 октомври, кога беа убиени околу 1.200 луѓе, а над 250 беа земени како заложници. Комеморациите се одржуваат во услови на длабоки трауми и поделби во израелското општество, додека годишнината е и во центарот на политичката кампања пред изборите на 27 октомври.

Противниците на премиерот Нетанјаху го обвинуваат за безбедносниот неуспех на 7 октомври, додека неговите поддржувачи велат дека ја предводел земјата низ војната и закрепнувањето.

Нетанјаху, пак, предупредува дека Хамас и други непријателски сили би можеле да се обидат да влијаат врз изборите.

„Токму затоа што Хамас е толку ослабен, ќе се обиде со преостанатата сила да нè предизвика во пресрет на изборите и да влијае врз нив. Подготвени сме да ги спречиме таквите обиди и, доколку направат таква грешка, ќе одговориме со огромна сила“, изјави Бенјамин Нетанјаху • премиер на Израел.