ОБСЕ: Итно да прекина воедните активности во Украина

03.10.2014 11:05

Во соопштение од Брисел се наведува дека трајното примирје би било од суштинско значење за украинскиот суверенитет и територијален интегритет...

ОБСЕ бара итно да се прекинат воените активности во Украина. Организацијата изрази згрозеност од вчерашното убиство на десет лица во училиште во Доњецк и насилната смрт на претставник на Црвениот Крст.
 
Европската Унија исто така е загрижена што и покрај ратификација на договорот од 5-ти септември продолжува насилството на истокот на Украина.
 
Во соопштение од Брисел се наведува дека трајното примирје би било од суштинско значење за украинскиот суверенитет и територијален интегритет.
 
Обединетите нации сметаат дека обновувањето на воените активности во Украина би можеле да бидат закана за целиот регион.