Македонија

Виш јавен обвинител од Битола осомничен за противзаконито влијание врз обвинители и судии

07.10.2026 11:34

Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, биле обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот ја искористил својата службена положба и реалното влијание за да влијае врз одлучувањето во најмалку четири одделни предмети на подрачјето каде што ја вршел функцијата.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание. Според Обвинителството, тој во најмалку четири предмети недозволено влијаел врз одлучувањето на јавни обвинители и судии, ургирајќи за пониски казни или поповолна позиција за осомничени и обвинети лица.

Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, биле обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот ја искористил својата службена положба и реалното влијание за да влијае врз одлучувањето во најмалку четири одделни предмети на подрачјето каде што ја вршел функцијата.

Вчера, по судска наредба, биле извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола, со цел обезбедување дополнителни докази.

Надлежниот јавен обвинител продолжува со испитување на случајот. До судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место.