Божиновска во Виена, во фокусот енергетската соработка со Австрија и европските партнери
Божиновска ќе оствари работна средба со генералниот секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија, Северин Грубер. На средбата се очекува да бидат разгледани билатералната и економската соработка, енергетската транзиција и можностите за соработка во области од заеднички интерес.

Министерката за енергетика Сања Божиновска престојува во Виена, каде учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“. Во рамки на посетата ќе разговара со претставници на австриските институции за енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и можностите за продлабочување на билатералната соработка, а пред студентите на Дипломатската академија ќе ги претстави реформите и приоритетите на македонскиот енергетски сектор.
Божиновска ќе оствари работна средба со генералниот секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија, Северин Грубер. На средбата се очекува да бидат разгледани билатералната и економската соработка, енергетската транзиција и можностите за соработка во области од заеднички интерес.
Во рамки на програмата „Жени лидери 2026“, министерката ќе учествува и во размена на искуства за лидерството, управувањето со кризи, родовата еднаквост и дигиталната дипломатија.
Пред студентите на Дипломатската академија на Виена, Божиновска ќе говори за енергетската транзиција и актуелните состојби во секторот, со акцент на обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, постепеното напуштање на јагленот и праведната енергетска транзиција.
На агендата е и регионалната енергетска поврзаност, вклучително и Вертикалниот гасен коридор, како дел од напорите за диверзификација и поголема сигурност на снабдувањето.
