МОН објави конкурси за девет категории стипендии за средношколци
За социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта се предвидени 900 стипендии, 300 се за ученици од средното образование со издвоени наставни програми, а 180 стипендии се наменети за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта.

Министерството за образование и наука објави конкурси за доделување стипендии во девет категории за учениците во средните училишта за учебната 2026/2027 година. Најмногу, 1.570 стипендии, се предвидени за ученици запишани во дуални паралелки, односно во стручно образование со зголемен број часови практична настава.
За социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта се предвидени 900 стипендии, 300 се за ученици од средното образование со издвоени наставни програми, а 180 стипендии се наменети за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта.
По 150 стипендии ќе се доделат за ученици кои следат програми за стручно оспособување и тригодишно стручно образование, за талентирани ученици – спортисти, како и за талентирани средношколци, со исклучок на оние од областа на уметностите.
МОН предвидува и по 50 стипендии за ученици без родители и за талентирани средношколци од областа на уметностите, кои се образуваат во јавните или приватните средни училишта.
