Расте стравот од ширење на еболата во САД

03.10.2014 11:09

Претседателот Барак Обама најави федерална помош за Далас за борбата против ебола...

Стравот од ширењето на ебола во Америка е се поголем откако се оболедени дека првиот заболен два дена слободно шетал по улиците во Далас.

Јунајтед Ерлајнс потврди дека инфецираниот патувал со нивниот авион од Вашингтон до Далас и од Брисел до Вашингтон. Компанијата се обидува да стапи во контакт со сите свои патници како би се проверила нивната здравствена состојба.

Претседателот Барак Обама најави федерална помош за Далас за борбата против ебола.

Во меѓувреме странските агенции објавија дека снимателот на телевизијата Ен-Би-Си кој е ангажиран да известува за еболата од Либерија е инфециран и ќе биде пренесен во САД  поради лечење.