Дискриминација

Тешки повреди на женските и работничките права, се бараат законски измени

07.10.2026 17:38

Бременоста сè уште причина за отказ, сексуалното вознемирување загрижувачки присутно во училиштата – Комисијата за заштита од дискриминација алармира за тешки повреди на женските и работничките права. Се бараат итни законски измени.

Вработена во банка со договор на определено време го известила секторот за човечки ресурси дека е бремена, а следниот ден и било кажано дека договорот нема да ѝ биде продолжен. Ова е само една од многуте случаи на дискриминација по основ на пол, род и мајчинство, утврдиле од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Тие со препорака до Собранието да се разгледа можноста за унапредување на законската рамка во областа на работните односи за да се заштити правната заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство.

Сексуалното вознемирување е присутно во училиштата, најчесто во вербална форма, но и во најтешките облици, покажува истражувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кое е сè уште во тек. Изминативе четири години само две претставки стигнале на адреса на комисијата.

Комисијата со поддршка на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ го разви и е – ресурсниот центар за еднаквост и недискриминација. На едно место релевантни информации, материјали, истражувања за еднаквоста и заштитата од дискриминација.

Ана Јосифоска