Собрание

125. седница денеска во Собрание

08.10.2026 09:44

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.

Во рамки на денешната седница, Собранието ќе ги разгледа и Предлог Националната програма за високото образование со предлог-мерки за периодот 2025-2030 година и Предлог Националната програма за научно-истражувачка дејност со предлог-мерки за периодот 2025-2030 година.