Македонија

ЦУК: 39 пожари на отворен простор, три сè уште активни

08.10.2026 09:21

Активни се пожарите во општина Чашка, кај селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“, каде што гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација.

Вкупно 39 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија во периодот од 7 до 8 октомври до 7:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а 35 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Чашка, кај селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“, каде што гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација.

Пожар има и во општина Липково, кај селото Стрима, на местото „Гури Куќ“, каде што е зафатена борова и нискостеблеста шума.

Во општина Дебар, кај селото Горно Косоврасти, на местата „Крушно и Вложно“, гори мешана шума.

Под контрола е ставен пожарот во општина Студеничани, меѓу селата Драчевица и Цветово, на местото „Калдиред“, каде што гори ниска вегетација.

Во истиот период биле изгаснати уште 35 пожари на подрачјата на Сарај, Ѓорче Петров, Арачиново, Новаци, Могила, Прилеп, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Струмица, Босилово, Струга, Велес, Кавадарци, Неготино, Куманово, Теарце, Врапчиште и Гостивар.

Според ЦУК, на различни локации гореле ниска вегетација, шума, депонии, стрништа, ѓубре, дрва и други материјали. Во Демир Хисар бил пријавен пожар на помошен објект, а во Неготино пожарот бил регистриран на подрачјето на полигонот Криволак.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека продолжува следењето на состојбата со пожарите на отворен простор.