Руски воздушни напади врз Украина
Според претседателот Зеленски, Русија во текот на ноќта истрелала 70 ракети и десетици јуришни дронови „Шахед“

Најмалку 32 лица загинаа, меѓу нив и пет деца, а 100 се повредени, во еден од најтешките руски воздушни напади врз Украина. Според претседателот Зеленски, Русија во текот на ноќта истрелала 70 ракети и десетици јуришни дронови „Шахед“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека војската извршила „масовен удар“ врз објекти од воено-индустрискиот сектор. Цел на нападите биле и пристанишната и бродоградбената инфраструктура во црноморскиот регион Одеса, како и брод што превезувал воени материјали.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека успеале да пресретнат повеќе од 80 проценти од соборените дронови. Зеленски нагласи дека најголем предизвик и натаму претставуваат руските балистички ракети. Повторно повика на испорака на дополнителни системи за противвоздушна одбрана „патриот“.
Украина вчера доби нова финансиска помош од европската унија од 1,2 милијарди евра.
