КОСОВО
Спасени сите 63-ца рудари, кои синоќа беа заробени во рудникот Трепча
08.10.2026 12:00
Прекинот на електричната енергија бил предизвикан поради пожар на трансформатор, во близина на рудникот...

Рано изутрината, спасени сите 63-ца рудари, кои синоќа беа заробени во рудникот Трепча на Косово. Прекинот на електричната енергија бил предизвикан поради пожар на трансформатор, во близина на рудникот. Директорот на рудникот Садику, потврди дека здравствената состојба на сите рудари е добра.
Рударите од втората смена останаа заробени, откако прекинот на електричната енергија им го спречи излегувањето на вообичаен начин.
