Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца – „ИНА“
По „Клуч во клучалката на детството“ и „Од Црвенкапа до Џинџуџе“, со „ИНА“ Мојсова-Чепишевска отвора ново творечко поглавје, овојпат со приказна наменета за најмладите читатели.

Ина е главниот лик во првата книга за деца на Весна Мојсова-Чепишевска. Во издание на „Светулка“, наскоро ќе биде објавена „ИНА“, со илустрации на Иванка НиБа. Книгата носи приказна за прифаќањето, достоинството и правото на секое дете на сопствен глас.
Дневничката форма ја следи првата училишна недела на Ина, која низ сопствените доживувања, прашања, стравови и радости го открива светот околу себе. Преку нејзиниот глас, книгата отвора прашања за припаѓањето, поддршката и слободата секое дете да учи и расте со сопствен ритам.
Илустрациите на Иванка НиБа го надополнуваат емотивниот свет на приказната, а изданието содржи и страници на кои децата ќе можат да пишуваат, цртаат и создаваат свои продолженија на дневникот.
По „Клуч во клучалката на детството“ и „Од Црвенкапа до Џинџуџе“, со „ИНА“ Мојсова-Чепишевска отвора ново творечко поглавје, овојпат со приказна наменета за најмладите читатели.
„Јас светам поинаку. Не многу силно, ама топло“, вели Ина.
