Хокеј

ХК Металург обезбеди натпревари и на мраз, и “ин лајн“

03.10.2014 12:02

До пред една година никаде, а од новата сезона ќе настапуваат на два фронта. Иако поради недостиг на посилна конкуренција и соответен број клубови немаат можност за настапи во домашната лига, хокеарите на Металург годинава ќе ги одмерат силите во две различни конкуренции. Минатата сезона дебитираа во БАХЛ лигата, каде што имаа “огнено крштевање“ на меѓународен план против клубови од Бугарија и од Грција. Во очекување на новата сезона која ќе стартува следниот викенд, најдобриот македонски клуб обезбеди учество и во “Ин лајн“ лигата на Хрватска.

До пред една година никаде, а од новата сезона ќе настапуваат на два фронта. Иако поради недостиг на посилна конкуренција и соответен број клубови немаат можност за настапи во домашната лига, хокеарите на Металург годинава ќе ги одмерат силите во две различни конкуренции. Минатата сезона дебитираа во БАХЛ лигата, каде што имаа “огнено крштевање“ на меѓународен план против клубови од Бугарија и од Грција. Во очекување на новата сезона која ќе стартува следниот викенд, најдобриот македонски клуб обезбеди учество и во “Ин лајн“ лигата на Хрватска. Во неа во конкуренција на 6 хрватски клубови покрај Металург ќе игра уште една странска екипа, белградски Партизан.

Поентата е да им се овозможи на домашните хокеари кои се повеќе напредуваат последниве неколку сезони да се здобијат со поголемо искуство во Балканската лига, а истовремено најдобрите од нив засилени со неколку странски играчи пред се од Словенија за кои во тек е процедурата да добијат македонски пасоши, да се воиграат пред квалификациските настапи за Светското првенство наредната година.