Приходите и расходите ќе се кратат за 86,2 милиони евра, Владата го усвои ребалансот
Според соопштението од Владата, вкупните приходи со ребалансот ќе изнесуваат 6,08 милијарди евра. Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот...

Приходите и расходите ќе се кратат за 86,2 милиони евра, Владата го усвои ребалансот. Според соопштението од Владата, вкупните приходи со ребалансот ќе изнесуваат 6,08 милијарди евра.
Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ кај горивата.
Со претходниот ребаланс во јули приходите се позиционираа на 379,5 милијарди денари што значи дека сега се намалуваат за 5,3 милијарди денари. Новата проекција за расходната страна е 420,5 милијарди денари или 6,84 милијарди евра. Моменталното ниво на проектираните расходи за 2026 година е 425,8 милијарди денари, или 6,92 милијарди евра. Така, со овој нов ребаланс, планирано е кратење на расходната страна за 5,3 милијарди денари, или за 86,2 милиони евра.
Податоците покажуваат дека колку се крати на приходната, толку се крати на расходната страна.
