МВР

33 нови полициски мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција

08.10.2026 12:50

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека новата опрема ќе ги зајакне капацитетите и мобилноста на сообраќајната полиција, а ќе придонесе и за поефикасно регулирање и поголема безбедност во сообраќајот.

МВР доби 33 нови полициски мотоцикли и комплетна мотоциклистичка опрема, набавени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Вкупната вредност на набавката е 16,8 милиони денари.

Станува збор за мотоцикли „Piaggio Beverly 310 HPE“ во полициска изведба, со заштитни кациги, јакни, панталони, чизми и летни и зимски ракавици.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека новата опрема ќе ги зајакне капацитетите и мобилноста на сообраќајната полиција, а ќе придонесе и за поефикасно регулирање и поголема безбедност во сообраќајот.

Од РСБСП посочија дека набавката е дел од активностите за модернизација и опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола.