Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена
Специјализираните возила наменети за ЈП „Комунална хигиена“ веќе му се предадени на Градот Скопје, а во наредните денови се очекува да започнат со работа, по завршувањето на потребните правни постапки, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане“, изјави Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.