Арсовска-Томовска: Постојан развој на човечките ресурси за поголеми резултати

03.10.2014 12:12

Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, денес во Скопје се одржува шестата по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси, поддржана од Министерството за информатичко општество и администрација и Европската асоцијација за управување со човечки ресурси (EAPM).

Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, денес во Скопје се одржува шестата по ред Меѓународна конференција за човечки ресурси, поддржана од Министерството за информатичко општество и администрација и Европската асоцијација за управување со човечки ресурси (EAPM).

„Пред неколку години направивме Стратегија за јавната администрација, во рамките на која голем акцент беше ставен на човечките ресурси, при што воспоставивме нови стандарди врз основа на меѓународни искуства. Во февруари оваа година ги донесовме двата административни закони, во кои се вградија новите техники во управувањето со човечките ресурси. Воведувањето на етичките стандарди, исто така, претставува значаен сегмент на кој посветивме внимание. Во таа насока е новиот веб портал во изработка administracija.mk, кој активно ќе се занимава со оваа област“, изјави заменик- министерот Марта Арсовска Томовска на отворањето на конференцијата.

Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Христина Лозаноска, се осврна на целите на конференцијата и очекуваните резулати од неа. Инаку, на настанот учествуваат високи претставници од бизнис секторот и академски институции, кои го споделуваат своето искуство и знаење за најдобрите практики од областа на човечките ресурси.

Во рамките на конференцијата традиционално ќе се одржи и HR Training EXPO,  кој претставува можност за промоција на програмите и услугите на сите заинтересирани компании и институции кои се дел од формалното и неформалното образование во Република Македонија.