Статистика

За 18,9% зголемен бројот на одобренија за градење во август

08.10.2026 15:02

Предвидената вредност на објектите изнесува 21,8 милијарди денари, што е зголемување од 315,5 проценти.

Во август годинава се издадени 333 одобренија за градење, што е за 18,9 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 21,8 милијарди денари, што е зголемување од 315,5 проценти.

Најголем дел од одобренијата, односно 224, се однесуваат на објекти од високоградба, 18 на нискоградба, а 91 на реконструкција. Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот Регион – 105.

Според податоците, во август е предвидена изградба на 1.030 станови со вкупна корисна површина од 80.530 квадратни метри.

Од Државниот завод за статистика посочуваат дека значителниот раст на предвидената вредност се должи на одобрението за изградба на автопатот А4, на делницата ГП Блаце – Скопје.