Временска прогноза

УХМР: Од утре променливо облачно и дождливо време, во недела локално невреме

08.10.2026 15:34

Локално се очекува невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Променливо облачно време со врнежи од дожд се очекува од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со над 20 литри на квадратен метар, особено во недела, информираат од УХМР.

Локално се очекува невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Од вторник, со продор на постуден воздушен бран, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминуваат во снег.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а наместа ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.