ЕКСПО 2027 - економска и културна олимпијада
ЕКСПО ќе се одржи под мотото „Игра за човештвото – спорт и музика за сите“, а се очекуваат милиони посетители и учество на 140 земји...

Земјоделските производи кои зреат под македонското сонце имаат посебен вкус и шмек, а ЕКСПО 2027 е меѓународен настан кој ќе се одржи во Белград од 15-ти мај до 15-ти август е шанса не само за поголем извоз на нашата храна и вино, туку и за туризмот, угостителството, автомобилската индустрија, ИТ секторот, транспортот и трговијата.
За регионот ова е трка по економски бенефит-повеќе туристи, бизнис – средби, нови инвестиции и шанса да се претстават пред светот.
„Не само во регионот туку целиот свет се очекуваат големи промени кога се во прашање економијата, индустријата, доаѓа нова технологија мораме да разговараме, да се подготвиме. Да ги промовираме нашите земји и да покажеме колку можеме да сме паметни, креативни и отворени за разговор и дека сакаме да одиме напред“.
ЕКСПО ќе се одржи под мотото „Игра за човештвото – спорт и музика за сите“, а се очекуваат милиони посетители и учество на 140 земји.
Економската корист ќе зависи од тоа колку ќе успеат компаниите од регионот да го претворат огромниот број посетители во нови клиенти, партнери и инвестиции.
Александра Велинова
