МВР

Претрес во скопско, пронајдени дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

08.10.2026 16:07

Вчера во 07:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(43) од с. Глумово, скопско.

Вчера во 07:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(43) од с. Глумово, скопско, соопштија од МВР.

При претреси во неговиот дом во с. Глумово и во негов угостителски објект во с. Сарај, извршени со наредба на Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија пронајдоа и одзедоа четири шприцови со масло од канабис, пиштол „Глок“ калибар 9×19, 88 куршуми од истиот калибар и ловечка пушка.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.