Култура

„Пинокио“ од Битолскиот театар гостува во Штип и Скопје

08.10.2026 16:43

Претставата е работена според приказната на Карло Колоди, во режија и драматизација на Деан Дамјановски.

Претставата „Пинокио“ на НУ Народен театар Битола денеска гостува на 14. фестивал за деца и млади „Малиот Принц“ во Штип. Претставата ќе биде изведена во два термини на сцената на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“.

По гостувањето во Штип, „Пинокио“ в сабота ќе биде изведен на матичната сцена во Битола, а на 14 октомври ќе гостува во Скопје, во рамки на 5. ИФДТ „Игор Маџиров“.

Претставата е работена според приказната на Карло Колоди, во режија и драматизација на Деан Дамјановски. Преку авантурите на дрвеното момче кое сонува да стане вистинско дете, публиката ќе следи приказна за пријателството, искушенијата и детството.

Во Скопје „Пинокио“ ќе се изведе од 11 часот на сцената на Македонскиот народен театар, со што ќе биде отворена натпреварувачката програма на фестивалот.