Ракомет

Вардар против Висла Плоцк за првите бодови во Лигата на шампионите

08.10.2026 13:43

Тренерот Иван Чупиќ очекува тежок натпревар и посочи дека Вардар ќе мора да одигра на високо ниво во сите сегменти, особено во нападот. Тој ја оцени одбраната на Висла како една од најсилните во Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва ја пречекува Висла Плоцк во третото коло од ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по две одиграни кола се надеваат на првите бодови во елитното европско натпреварување.

Тренерот Иван Чупиќ очекува тежок натпревар и посочи дека Вардар ќе мора да одигра на високо ниво во сите сегменти, особено во нападот. Тој ја оцени одбраната на Висла како една од најсилните во Лигата на шампионите.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје започнува во 20:45 часот, а Чупиќ очекува поддршка од полните трибини во обид Вардар да стигне до првата победа во сезоната.